Главниот басист на култната рок-група „Зи-зи топ“ Дасти Хил, почина во својата 72 година од животот. Смртта настапила во сон во неговиот дом во Хјустон, Тексас, САД. Веста за неговата смрт на Фејсбук ја објавија членовите на групата.
Хил бил роден на 19 мај 1949 година. Тој свиреше бас-гитара со бендот, пееше придружни и главни вокали и свиреше на клавијатури. Беше вклучен во таканаречената „Рокенрол сала на славните“ како член на „Зи-зи топ“, во 2004 година.