Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот им дозволи на Реал, Барселона и Јувентус да продолжат со проектот „Супер лига“

0
By НОВА ТВ on July 30, 2021 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 30, 2021 21:13

Судот во Мадрид ја отфрли денеска жалбата на УЕФА на одлуката да се поништат сите активностите преземени против 12-те клубови основачи на фудбалската Супер лига.

Трите клубови, кои не го напуштија проектот – Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, порачаа преку заедничко соопштение вечерва дека ќе продолжат со развој на Супер лигата.

– Задоволни сме што во иднина повеќе нема да бидеме изложени на постојаните закани од УЕФА. Нашата цел е да продолжиме да го развиваме проектот Супер лига на конструктивен и кооперативен начин, секогаш, притоа, сметајќи на сите заинтересирани страни во фудбалот – навивачите, играчите, тренерите, клубовите, првенствата, како и националните и меѓународни асоцијации, порачаа Реал, Барселона и Јувентус во заедничкото соопштение.

Трите клубови ја обвинија УЕФА за монопол во светот на фудбалот, истакнувајќи дека екипите, кои учествуваат во европските купови имаат право да управуваат со своите натпреварувања.

Со одлуката на Трговскиот суд во Мадрид, донесена на 1 јули, за ништовни се прогласуваат дисциплинските мерки на УЕФА, кои беа прифатени од другите девет основачи на Супер Лигата.

Атлетико Мадрид, Милан, Интер, Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Тотенхем ги прифатија казните од УЕФА да се откажат од пет отсто од приходите во следната сезона од настапите во еврокуповите, и заеднички да уплатат 15 милиони евра во солидарниот фонд на УЕФА како „гест на добра волја“.

Барселона Јувентус Реал Супер лига
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.