НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев за „Отворен Балкан“: Додека ЕУ не го испорача ветеното, ние мора да работиме и да го унапредуваме животот

0
By НОВА ТВ on July 31, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека Европа се мисли кога да го испорача тоа што ни го вети, ние не можеме да чекаме, мора да работиме, мора да го унапредиме животот.  Ние мораме секој атом енергија, секој потенцијал на оваа наша земја да го искористиме, а тоа се мултиплицира навистина со унапредувањето на соработката со сите, изјави премиерот Зоран Заев.

-Мене ми е драго што Србија и Албанија се фокусирани исто како нас, ние сме централно поставени помеѓу овие две земји, сме отворени кон Косово и кон БиХ, Црна Гора, Грција, Бугарија. Зошто ако може да не чекаме на границите, да не го направиме тоа. Зошто ако може да ги третираме капацитетите за борба против пожарите летно време, земјотресите, поплавите и било какви други катастрофи да не го направиме тоа. Зошто ако можеме да бираме во регионот каде ќе работиме или кој ќе ни дојде да работи, се со цел да обезбедиме квалификувана работна сила, тоа да не го направиме. Зошто да не ни раснат платите, стандардот и слично.  На крајот сите го посакуваме процесот низ поглавјата или кластерите за европеизацијата на нашата земја, но сето тоа што можеме да го направиме сами треба да го правиме сами додека Европа навистина не одлучи да продолжи со процесот на евроинтеграции, изјави Заев на новинарско прашање за очекувањата од иницијативата „Отворен Балкан“ и евроинтеграцијата на земјата, по увидот на реконструираната Општата болница во Гевгелија.

Изрази задоволтво што фокусот на земјите од Западен Балкан е на европеизацијата и не само на политичарите туку и институциите, а Гевгелија, рече, е местото од каде ќе поминуваат големите гасоводни коридори што ќе придонесе за развој на градот.

-Сега имаме неповторлива можност политичарите не само да се пријатели туку и другари, порано не зборуваа меѓусебе. Имаше кавги, непријателства, тешко можеше да ги видите, а ние сме тука да им служиме на граѓаните. Покрај тоа Америка се врати во својот фокус, што е здраво. Токму од овде, низ Гевгелија ќе поминат големите коридори на гасоводниот нов систем, течниот гас, на гасот од Катар, Америка, Израел од Азербејџан преку ТАФ итн. коишто како нови енергетски проекти навистина ќе го менуваат комлетно животот. Нашите инвестиции одат низ Грција.  Договоривме и тоа скоро ќе биде објавено пуштањето на нафтоводот којшто оди токму преку овој наш крај, но она што е многу важно севкупниот економски раст и развој на Гевгелија на овој југоисточен дел на нашата земја оди напред, напредува, но наша задача на сите е тој напредок да го мултиплицираме, да биде уште поголем, уште повидлив и позначаен за да секако да ги задржиме тука младите и тука да го планираат животот, рече Заев.

ЕУ Заев отворен балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.