Граничниот премин „Богородица“, сепак, е затворен за сообраќај од македонска и од грчка страна поради пожарот што избувна попладнево крај Гевгелија. Засега е непознато кога ќе биде повторно ставен во функција, па затоа возилата се пренасочуваат на ГП „Стар Дојран“.
Огнените јазли во близина на преминот се изгаснати, меѓутоа се чека ситуацијата во целост да биде смирена за повторно дигање на рампите на „Богородица“.