Ненадејно во својот дом во Белград во 71-та година од животот, како резултат на срцев удар, денеска почина долгогодишниот новинар на весникот „Политика“ и воен аналитичар Мирослав Лазански кој од 2019 година ја обавуваше должноста на амбасадор на Србија во Русија.
Министерството за надворешни работи на Србија соопшти: „Ќе го паметиме како голем родољуб , извонреден писател, новинар, еминентен военополитички коментатор,кој ја сакаше својата земја и со гордост ја претставуваше ширум светот“ стои во објавата на српското МНР.
Лазански својата новинарска кариера ја почнува во Загреб, со написи во хрватските весници „Полет“, „ Вјесник“, „Данас“ и „Старт“ а од почетокот на деведесетите години тој се вработува во весникот „Политика“, па во „ Вечерње Новости“ и повторно се враќа во „ Политика“.
Лазански пишувал во неколку странски весници и известувал од неколку воени судири како оној во Бејрут, меѓу Ирак и Иран , Авганистан, Чеченија, Заир, Јемен,Либија, Сирија, Сомалија, Крим како и од воениот судир на просторот на поранешна Југославија од Словенија, Босна и Херцеговина, Косово и Метохија.
Автор е на осум книги и на неколку тв-проекти.