Светската здравствена организација повика на мораториум за воведување на дополнителни дози на вакцините против Ковид-19 до крајот на септември.
„Додека стотици милиони луѓе се уште ја чекаат својата прва доза од вакцините против Ковид 19, некои богати земји се насочени кон зголемени дози“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус додавајќи дека досега се администрирани повеќе од 4 милијарди дози вакцини на глобално ниво. Повеќе од 80% отишле во земји со висок и висок среден приход, иако тие сочинуваат помалку од половина од светската популација.
Германија, Обединетото Кралство и Израел ги објавија плановите да обезбедат дополнителни дози од вакцините за одредени ранливи групи на граѓани.