Во моментот во Македонија се активни десетина пожари. Дел од нив, можеби, се ставени под контрола и локализирани, но пламените јазли, потпомогнати од високите температури и силниот ветар, и натаму се закана за местното население, имотите и добитокот.
Таква е ситуацијата во областа Пијанец, во Пехчевскиот крај, каде сиот расположлив кадар е ставен во функција на справување со огнената стихија во околината на село Црник, а пожарот се шири и во правец на селата Умлена, Чифлик и Робово.
На терен, покрај локалните жители, се и припадници на Армијата, а во секој момент се очекува и поддршка од специјалната протоивпожарна единица од Словенија.