Противпожарен авион се урна денеска додека принудно слетувал на грчкиот остров Закинтос. Авионот леташе кон локација каде што имало мал пожар, пренесуваат регионалните медиуми.
Според последните информации, пилотот на авионот се здобил со полесни повреди, а се уште не е позната причината за падот.
Грција веќе шест дена се бори со пожари, а најкритично е на островот Евија, каде илјадници луѓе се евакуирани со траекти.