НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Куманово утре се отвора модуларна болница, хоспитализирани 16 пациенти со Ковид-19

0
By НОВА ТВ on August 10, 2021 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од кумановската болница велат дека проблем со овој летен бран е што и многу здравствени работници користат годишен одмор

Шестнаесет пациенти од Куманово, со компликации од вирусот Ковид -19 болнички се лекуваат на инфективното одделение во општата болница, информираа денеска надлежните. Речиси сите се на кислородна поддршка, бидејќи, како што појаснија лекарите, хоспитализирани се пациенти со средно тешка клиничка слика, оние со полесна клиничка слика се лекуваат во дневната болница, а оние со лесни симптоми се на домашно лекување под надзор на лекари со таблетарна терапија.

– Со оглед на тоа што инфективниот оддел нема многу соби, а доаѓаат пациенти со друга симптоматологија, од утре ќе ја отвориме и модуларната болница. Ако во претходните бранови имавме проблем со простор, сега таков проблем немаме. Благодарение на модуларната болница која ја добивме од Министерството за здравство, има доволно болнички легла, сè што е потребно од опрема. Проблем со овој бран е период на годишни одмори, претходно персоналот не користеше одмори, но сега се користат. Изминативе дена правевме прераспределба од други оддели, гледаме да е персонал кој има искуство од претходните бранови, ни останува да се надеваме дека нема да биде таков нагол скок на заболени, изјави директорката на болницата, д-р Снежана Захариева.
Таа појасни дека сите одделенија во болницата ќе функционираат непречено, вклучително оперативниот и  амбулантскиот дел на различните оддели во болницата.
И матичните лекари потврдуваат дека расте бројот на инфицирани. Д-р Фатмир Асани, претседател на Здружението на матични лекари од Куманово изјави дека вирусот побрзо се шири и дека само во неговата амбуланта има триесетина пациенти кои се со коронавирус.
– Многу е важно да се вакцинираме, но и да внимаваме, да одржуваме растојание, вели Асани.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.