Одлуката дојде сосема природно, по сe што се случи. Се чувствувам разочаран за сите други луѓе, за гласачите, изјави Пламен Николов за БНТ, кој попладнево најави дека ја повлекува кандидатурата за премиер. „Ги разочаравме луѓето што не успеавме да ја спроведеме идејата да се обединиме, токму кога е најпотребно на нашата земја. Планот за закрепнување од кризата со ковид-19 најверојатно ќе биде одложен, како и усвојување на новата буџетска рамка без која нема да може да се зголемат пензиите. Не сум разочаран лично за мене, разочаран сум за нашата земја“, рече Пламен Николов. Според него, „Има таков народ“ ги одржа сите експертски состаноци што зависеа од нив. „Го направивме дури и невозможното, постигнавме компромиси за политиките каде што не мислевме дека е можно. Лично јас направив апсолутно сe што зависи од мене", додаде Пламен Николов, објаснувајќи дека некои медиуми воделе деструктивна кампања против него. „Паднав во многу нездрава љубопитност за мојата скромна личност, за моето семејство, за моите деца, што не беше потребно. Разбирам дека живееме во балкански услови, но сепак се стремиме да бидеме Европејци", рече Пламен Николов.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.