Србија регистрира 1.072 нови случаи на ковид-19 за последните 24 часа. Притоа се заведени и шест починати пациенти, а во болниците има 831 лице од кои 25 на апарати за дишење.
Надминувањето на бројката од 1.000 новозаразени ги загрижи епидемиолозите и членовите на кризниот штаб. Тие сметаат дека ова е премунување на црвената линија поради што мора да се заострат мерките.