Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарска комора: Доколку продолжат, следуваат пријави до институциите

0
By Ivana on August 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 16, 2021 12:31

Докторите од сите нивоа на здравствениот систем во изминатите година и половина активно, одговорно и пожртвувано се борат за зачувување на животите на илјадници пациенти кои директно се засегнати од пандемијата, реагираат од Лекарската комора.

Во таа борба, како што додаваат лекарите го доведуваат во опасност својот живот, животот на блиските, а дел од нив и платија со сопствениот живот.

– Во часовите поминати со пациентите заболени од ковид, облечени во заштитна опрема, борејќи се со многу неизвесни и непредвидливи ситуации лекарите акумулираа стрес и трауми кои исто така стануваат дел од нивниот живот. Во пандемиски услови докторите не се семоќни, а за да може да се даде најдобар одговор и да се зачуваат човечките животи треба секоја единка и целото општество заедно да работи на истата цел. Од самиот почеток на пандемијата, за жал, одредени структури водени од нејасни цели го негираат постоењето на вирусот и потребата од примена за заштитни мерки, како носење на заштитни маски и одржување на дистанца, со што директно влијаат на зголемениот број на заболени, се вели во соопштението.

Со интензивирање на процесот на вакцинација се пристапи и кон сатанизирање на вакцините, ширење лажни и неточни информации поврзани со нивното дејство со што повторно се нанесува непоправлива штета која се плаќа со човечки животи. Сега се оди чекор понатаму и се напаѓаат докторите директно.Со цел заштита на честа и угледот на лекарската професија, како и нејзиниот несебичен и пожртвуван придонес во справување со пандемијата, Лекарската комора најостро го осудува говорот на омраза кон лекарите кој го шират одредени структури, бара итно да престане и предупредува дека тоа е кривично дело за кое во Кривичниот законик се предвидени и затворски казни.

– Исто така, истакнуваме дека доколку активностите продолжат ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните институции, додаваат од лекарската комора.

вакцинација Лекарска комора пријава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.