Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од попладнево активни се само уште два пожара

0
By НОВА ТВ on August 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 16, 2021 14:21

Од попладнево активни се само уште два пожари од кои едниот кај село Раовиќ и Буковиќ од страна на Сува планина, а другиот во атарите на селата Ракле – Никодин – Топлица.

– На потегот од село Буковиќ кон село Чајлане е се уште пожарот активен. Ангажирани се сили за гаснење, а во поплладневниве часови се планира да се активира и еден хеликоптер од Армијата. Активен е и пожарот во атарите на селата Ракле – Никодин – Топлица во Прилеп. Гори кракот од село Ракле кон село Крсец и се проширува кон место викано Фаришки лозја, кавадаречко, а тој терен е недостапен и многу тешко е да се гасне пожарот, информираа на денешната прес-конференција од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов информира дека од моментот кога започнаа првите пожари до денеска имало вкупно 106 поголеми шумски пожари од кои најлошиот беше тој што ги зафати општините Берово, Пехчево и делумно Делчево којшто е успешно изгаснат.

Посочи дека изгорени се десетина објекти, пред се, стари куќи и придружни објекти, како што се штали, плевни и слично и изгорен е покрив на куќа во Кочани.

– Од страна на општините се формирани комисии кои детално ќе ја утврдат штетата и граѓаните ќе бидат праведно обештетени. Воедно и Владата е овде ако има некаде поголема штета да ја надомести. Но, во овој момент слободно можеме да констатираме дека штетите во населените места, во селата и градовите се навистина мали имајќи го во предвид обемот на пожарите кои ја зафатија државата, рече Ангелов.

Според него, свесноста на граѓаните е на многу повисоко ниво, односно тие значително повеќе внимаваат и не се појавуваат често како ненамерен фактор за појава на пожари.

– Со овие активности беше подигната и целосна забрана за движење во шуми, мерка која помогна за намалување на бројот на пожарите и која овие денови ја разгледуваме и доколку е стабилна состобата ќе побараме од страна на Национални шуми да биде тргната или намалена, односно движењето низ шуми да биде само со дозвола, информира Ангелов.

Се заблагодари на МВР, на сите пожарникари, за кои рече дека покажале огромна пожртвуваност, кои помагале и во своите, но и во соседните општини. Благодарност упати и до ДЗС, вработените во ЦУК кои помогнале во координацијата, на Национални шуми и на сите останати институции, но и на странските екипи (српските хеликоптери, романскиот авион, црногорскиот хеликоптер, но и австриските, француските, словенечките  и бугарските пожарникари кои заминаа). Се заблагодари и на францсуките инструктори, експерти за шумски пожари кои рано утрово заминале за Франција.

Во моментов, како што посочи, активна поддршка на Главниот штаб за управување со кризи даваат инструктори од САД.

– Овие пожари ни ги покажаа слабостите за кои бевме свесни, но овој пат постои црвста намера при ЦУК и ДЗС, да дадеме се од себе да направиме брзи, длабоки реофрми со кои ќе ги отрстраниме сите согледани недостатоци. Активно подготвуваме план за реформи. Ќе формираме широко тело кое ќе се зафати со овие коренити реформи и верувам во следните месеци ќе успееме да ги поставиме основите на новиот систем за управување со кризи, единствен систем кој ќе ги опфати сите чинители кои се расфрлани во неколку институции, рече Ангелов.

Лажна вест е, додаде, дека од австриските пожарникари е украдена пила.

– Тогаш напишав саркастичен твит кој гласеше „Да бидам искрен и јас поверував на лажната вест за украдената моторна пила од австриските пожаникари, а и како да не поверувам кога токму тој ден околу австријците се моташе делегација на ВМРО-ДПМНЕ“. Ова е обичен твит кој за твитер е нормален, каде преку исмевање укажувам на абсурдот дека е украдена моторна пила. Најмалку јас помислив дека член на делегација на ВМРО-ДПМНЕ украл моторна пила. Се работеше за шега, доколку некој се пронашол во овој твит јас се извинувам немав лоша намера, заклучи Ангелов.

пожари Стојанче Ангелов ЦУК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.