НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Има ли кој  да го „заземе“ празното место на САД во „Гробницата на  империите“ – Авганистан ?!

0
By Mirjana on August 17, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот претседател Џо Бајден , во синоќешниот прв  јавен говор за состојбата во Авганистан по повлекувањето, уверливо потенцира „Не жалам за мојата одлука“.

И додека оваа негова изјава и говор, многу од светските водечки медиуми ја карактеризираат како пораз на американците, по две децениски напори од Авганистан да направат колку-толку  демократско општество, други исто така влијателни медиуми и претставници на аналитички центри веќе објавуваат текстови за улогата на Русија и на Кина во целата ситуација  и која од нив двете има поголем интерес  да го „ загриза“ парчето Авганистан кое американците им го оставија по повлекувањето.

Талибанците, барем на хартија, се забранети од официјална Москва, но руската влада допрва треба да ја признае милитантната група како легитимна влада на Авганистан. Во понеделникот, руското Министерство за надворешни работи објави дека воспоставило работни контакти со Талибанците, за кои рече дека „започнале да го обновуваат јавниот ред“ во Кабул и низ Авганистан. Дека Русија останува на теренот кој сега е во рацете на Талибанците, говори и пораката дека тие нема да го „ спакуваат“ своето диломатско претставништво.

Burqa-clad Afghan refugees arrive at the United Nations High Commissioner for Refugees (UNHCR) repatriation center in Torkham, as they cross through the main border between Afghanistan and Pakistan to return to their home country after fleeing civil war and Taliban rule. / AFP / NOORULLAH SHIRZADA (Photo credit should read NOORULLAH SHIRZADA/AFP/Getty Images)

 

„Евакуација на амбасадата не се подготвува“, изјави Замир Кабулов, специјален претставник на рускиот претседател Владимир Путин за Авганистан, пренесе  руската државна новинска агенција РИА-Новости. „Во контакт сум со нашиот амбасадор, тие работат  и мирно и внимателно ги следат настаните каско се одвиваат“, изјавил Кабулов.

Сето ова го потврдува Рускиот интерес, колку и за нив да е неприфатлива новата власт во Авганистан, за останување таму, за сега кога имаат  шанса по дебаклот со инвазијата што во 80-тите години ја изврши тогашниот СССР, и поради кој интервенцијата и загубата беше нречена  „ Советски Виетнам“ , да поентираат со неустрашивост пред бескрупулозните Талибанци кои се сега заедно сплотени со Џихадистите и т.н. Исламска Држава.

Оттаму текстот на Си ен ен, се осврнува и на изјавата на Кабулов за РИА со која изјавил дека „Талибанците гарантирале безбедност за руската амбасада, сугерирајќи дека Русите имале отворени линии за комуникација со бунтовниците додека марширале кон главниот град“.

Ова натаму во текстот, се развива како теза дека претставувало „ удар врз Путин од страна на Кабулов, кој секогаш настојувал за негување поблиски врски со Талибанците, како контра на влијанието на  САД во регионот но и како заштита од евентуален колапс на авганистанската влада.

Од дипломатска страна пак, руското Министерство за надворешни работи им даде место на Талибанците на конференциската маса во Москва, заедно со членовите на Високиот совет за мир во Авганистан и граѓанското општество, што го подигна меѓународниот профил на милитантната група.Преку тајни канали е дојдено до информација  дека Талибанците добиле оружје што се чини дека го доставила руската влада, иако руската влада жестоко го негираше тоа.

„Москва ужива во прославата дека нивниот облог за Талибанците се исплатеше“, рече Аркадиј Дубнов, независен руски аналитичар и експерт за Централна Азија. „Замир Кабулов може да смета на медал од највисокиот орден од претседателот, бидејќи неговата ризична игра за поддршка на Талибанците ја доведе Русија до таму што Русија може да покаже дека не се плаши од Талибанците, за разлика од западните дипломати.

„Тоа е добар ПР за Русите и за Талибанците“, додаде Дубнов.

Во текстот на Си Ен Ен се  потсетува  дека Путин бил првиот светски лидер кој го повикал американскиот претседател Буш по терористичките напади на 11 септември, отворајќи го рускиот воздушен простор за хуманитарни летови и давајќи зелено светло за  распоредување американски војници за  поставување бази во Централна Азија, независно што подоцна  американското воено присуство во регионот секогаш се гледаше со сомнеж од Кремљ баш поради можноста тоа да се прошири надвор од границите на Авганистан.

Сега победата на Талибанците може да претставува голем предизвик за Путин за стратегиите во неговиот „ двор“ каде што брзите и непредвидени промени или бегалската криза може да го дестабилизираат веќе и онака ранливиот регион.

Што се однесува до другиот сосед на Авганистан, Кина со која делат заедничка граница во должина од 80 километри и која има значителни инвестиции во земјата, во анализата на Си Ен Ен се разгледува од аспект на тоа дека во новонастанатата ситуација официјален Пекинг  најверојатно гледал поголем ризик отколку можности, иако претходните го потврдувале сосема спротивното особено  по средбата од висок профил, меѓу талибанските лидери и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји минатиот месец, каде што Ванг изјави дека Талибанците „ќе играат важна улога во процесот на мирно помирување и реконструкција во Авганистан“.

„Кина нема тенденција да го перцепира Авганистан низ призмата на можности; таа се однесува целосно на управување со заканите“, рече Ендрју Смол, соработник на германскиот Маршалов фонд во Вашингтон, во интервју за Европскиот совет за надворешни односи.

Пекинг одамна беше претпазлив за американското воено присуство во Авганистан, но, во реалноста, Кина исто така има корист од релативната стабилност донесена од САД во последните две децении, се анализира во текстот на Си Ен Ен.

Кина е особено загрижена дека Авганистан ќе стане база за терористи и екстремисти кои се борат за независност на претежно муслиманскиот регион Ксинџијанг , па сега ги потсетуваат Талибанците на нивното ветување дека „никогаш нема да дозволат ниедна сила да ја користи авганистанската територија за да се вклучи во дејствија штетни за Кина“.

Ова Кина особено ќе го апострофира, откако особено во последниве години,  инвестираше многу во Централна Азија преку својата трговска  и инфраструктурна програма „Појас и пат“.

Пекинг навреме  сигнализира  дека нема намера да испрати војници во Авганистан за да го пополнат вакуумот во моќта што го оставија САД, како што сугерираат некои аналитичари. Во написот во неделата, државниот Глобал тајмс се повикува на експерти кои велат дека таквите шпекулации се „целосно неосновани“.

„Најмногу што може да направи Кина е да ги евакуира кинеските државјани ако се појави масивна хуманитарна криза или да придонесе за повоена реконструкција и развој, со што ќе се поттикнат проекти во рамките на иницијативата „Појас и пат“ предложена од Кина, кога ќе се врати безбедноста и стабилноста. во земјата зафатена од војна “, се вели во написот.

Наместо да ги следи стапките на САД, Кина најверојатно ќе прифати прагматичен пристап кон Авганистан. Со објавување на посетата на талибанската делегација на Кина минатиот месец, Пекинг испраќа порака дека е подготвен да ја признае и да се справи со талибанската влада, се додека тоа одговара на нејзините интереси, се наведува во анализата на Си Ен Ен.

 

Авганистан Кина Русија САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.