НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Проткаени сеќавања“ – изложба на скулптури на проф. д-р Слободан Милошески

0
By Biljana on August 18, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изложбата е составена од дела во мал формат, создадени со примена на различни техники и материјали. 

Во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија задутре (20 август) во 18:30 часот ќе биде отворена изложбата „Проткаени сеќавања“ од авторот Слободан Милошески. Изложбата ќе може да се види до 30 август.

Македонскиот скулптор Слободан Милошески се решава во овој серијал на скулптури да го истакне значењето на скулптурите од мал формат. Според него, евидентно е дека малиот формат е многу посебна мерка и критериум во достигнувањето на креативните можности на еден автор. Во неговата работа тој користи едноставни геометриски форми и индустриско-импровизирани материјали за создавање дела од различити размери. Неговите скулптури даваат импресија на строгост и рационалност која се потпира врз однапред подготвени постулати и логично артикулирани замисли.

Иако скулпто користи геометриски цврсти форми во скулптурата, сепак крајниот импакт не е тврд или статичен. Всушност, кога ги гледате неговите скулптури од неколку агли, тие не оддаваат впечаток на совршена поставеност. Покрај нив се добива чувство на вибрирачко движење и тактилност која доаѓа од нагласените прави линии и мрежи, и тоа во повеќето негови дела. Ваквата „конструкција“ на овие скулптури им дава човечки аспект и духовна страна. Очигледно е дека уметникот ја реализирал неговата основна замисла – делото да биде „спроводник за духовни работи“.

Слободан Милошески работи методички низ концентрирана перцепција и манипулација со формата. Најпрво започнува со форми кои се произволни и низ процес на трансцендентална имагинација ја дефинира формата како крајна дестинација. Бојата е секундарна – се користи за истакнување на структурата на формата. Завршниот впечаток се комплетира со диригиран веризам, необична текстура, профилиран материјал и неочекувана трансформација на идеалната форма, вели историчарот на уметност проф. д-р. Џемил Бектовиќ во својата критика по повод оваа изложба.

Слободан Молошески е роден во Охрид во 1977 година. Тој дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Национална уметничка академија во Софија, Р.Бугарија, на катедра „Скулптура“.

изложба скулптура Слободан Милошески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.