НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Совет може да владее со Авганистан, талибанците ќе се обидат да придобијат војници и пилоти

0
By НОВА ТВ on August 18, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Врховниот водач на талибанците, Ахунџада, има тројца заменици – Мавлави Јагуб, син на Мула Омар, Сираџудин Хакани, кој е водач на моќната воена мрежа Хакани, и Абдул Гани Барадари, шеф на политичката канцеларија на талибанците во Доха. Барадари е еден од основачите на талибанците.

Со Авганистан може да владее совет, откако талибанците ќе ја преземат власта, додека лидерот на исламистичкото движење, Хаибатулах Ахунџада, најверојатно ќе остане врховен водач, објавија западни медиуми, повикувајќи се на висок член на талибанците.

Талибанците, исто така, ќе се обидат да ги придобијат на своја страна поранешните пилоти и припадници на авганистанската армија, изјави Вахидула Хашими.

Останува да се види колку успешно ќе го спроведат тоа талибанците, кои убиле илјадници војници во изминатите 20 години.

Претходно, тие конкретно беа насочени кон авганистански пилоти обучени од САД.

Структурата која Хашими ја претстави за западните медиуми има сличност со државниот систем на Авганистан, кога последен пат беше управуван од талибанците.

Од 1996 до 2001 година, врховен водач беше Мула Омар, но тој остана во втор план додека тековните проблеми ги решаваше талибанскиот совет.

– Ахунџада најверојатно ќе има поголема важност од водачот на советот кој ќе биде еквивалент на претседателот на земјата, додава Хашими.

Врховниот водач на талибанците има тројца заменици – Мавлави Јагуб, син на Мула Омар, Сираџудин Хакани, кој е водач на моќната воена мрежа Хакани, и Абдул Гани Барадари, шеф на политичката канцеларија на талибанците во Доха. Барадари е еден од основачите на талибанците.

Хашими објаснува дека многу прашања поврзани со политичкиот систем во земјата се уште не се решени, но се знае дека Авганистан под талибанците нема да биде демократија.

– Воопшто нема да има демократски систем, бидејќи тој нема никаква база во нашата земја. Нема да разговараме за тоа каков тип на политички систем треба да воведеме во Авганистан, бидејќи е очевидно. Тоа е шеријатски закон и тоа е тоа, додаде тој.

Хашими вели дека ќе присуствува на состанокот на талибанското раководство подоцна оваа недела, каде ќе се разговара за прашања поврзани со политичкиот систем.

Во врска со регрутирањето војници и пилоти кои се бореа за соборената авганистанска влада, Хашими нагласи дека талибанците планираат да формираат нова армија во која ќе има талибански борци, но и војници на поранешната влада кои сакаат да се приклучат.

– Повеќето од нив се обучени во Турција, Германија и Англија. Затоа ќе разговараме со нив да се вратат на нивните места. Се разбира дека ќе има некои промени, реформи во армијата, но сепак ни се потребни и ќе ги поканиме да ни се придружат, додаде тој.

Хашими посочува дека на талибанците особено им се потребни пилоти бидејќи немаат свои, откако за време на освојувањето на земјата по повлекувањето на странските војници, тие заплениле хеликоптери и авиони на различни авганистански аеродроми.

Тој, исто така, изјави дека талибанците очекуваат соседните земји да ги вратат авганистанските авиони кои слетале на нивна територија. Имено, 22 воени авиони, 24 хеликоптери и стотици авганистански војници викендов избегаа во Узбекистан.

Авганистан војска Талибанци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.