НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мичиген го прогласи септември за месец на македонското наследство во САД

0
By Ivana on August 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ова е првпат во историјата на САД државен законодавен дом да донесе резолуција со која се прогласува месец на македонско-американското наследство

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) е благодарна и горда за усвојувањето на резолуцијата бр.149 од страна на Претставничкиот дом на Мичиген, со која септември годинава се прогласи за месец на македонско-американско наследство во сојузната држава Мичиген, каде живеат околу 125.000 Американци со македонско потекло.

Минатата година, гувернерката на Мичиген Гречен Витмер, го прогласи 8-ми септември за Ден на Македонците во Америка во сојузната држава Мичиген. Ова е првпат во историјата на САД државен законодавен дом да донесе резолуција со која се прогласува месец на македонско-американското наследство. ОМД се надева дека ова ќе инспирира идни напори во други држави, како и дека септември ќе биде прогласен и на национално ниво за месец на македонско-американско наследство.
ОМД му е благодарна и на државниот претставник Ричард Стинленд, демократ, кој го отслужува својот прв мандат како претставник на 22. округ, кој го опфаќа градот Розевил и дел од градот Ворен, за поднесување на резолуцијата 149 на Претставничкиот дом.
“Македонците емигрираа во сојузната држава на Големите Езера од 1880-тите, и денес сочинуваат енергична заедница во Метро Детроит и низ Мичиген, учествувајќи во сите сфери на животот. Тие се пример за сите жители на Мичиген, и како пријател на заедницата, ми беше задоволство да ги водам напорите за прогласување на септември за месец на македонско-американско наследство,” рече Стинленд.
Резолуцијата 149 на Претставничкиот дом ги повикува “жителите на Мичиген да го прослават месецот на македонско-американското наследство со соодветни програми и активности кои го слават придонесот на Македонците од Америка во Мичиген.”
“Македонците оставија посебен печат во историјата на Мичиген. Резолуцијата 149 ја препознава и цени нашата македонска работна етика, традиции и богато наследство, како и влијанието што го направивме во Мичиген,” рече членот на Управниот одбор на ОМД и претставник за Мичиген Деана Јанчески.
Копии од Резолуцијата 149 од Претставничкиот дом ќе бидат презентирани пред Кабинетот на претседателот на Соединетите Држави, претседателот на Претставничкиот дом, претседателот на Сенатот на Соединетите Држави и членовите на конгресната делегација во Мичиген.
Основана во 2004 година, Обединетата македонска дијаспора е водечки глас на половина милион Американци со македонско наследство, со седиште во Вашингтон.
Македонци Мичиген ОМД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.