Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Додик повикан во Обвинителството на БиХ за негирање на геноцид во Сребреница

0
By Sashko on August 20, 2021 РЕГИОН
Milorad Dodik, President of Republika Srpska, speaks in Pale, Bosnia and Herzegovina, September 25, 2016. REUTERS/Dado Ruvic
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 20, 2021 08:59

Обвинителството на Босна и Херцеговина го повика српскиот член на Претседателството на БиХ и лидер на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, на сослушување за негирање на геноцидот во Сребреница.

Додик вчера ја потврди оваа информација, за време на посетата на Мостар, коментирајќи ја веста дека градоначалникот на Јабланица, Дамир Шабановиќ (СДП) поднел кривична пријава против него, бидејќи не се согласил да ангажира хеликоптери на Вооружените сили (ОС) за гаснење на пожар во подрачјето на Јабланица.

Секој има право да го стори тоа. Мислам дека јас сум личноста против која има најмногу кривични пријави. Нешто пристигнува секој ден. Гледам дека од Обвинителството на Босна и Херцеговина денеска пристигна покана за сослушување поради наводно негирање геноцид, рече Додик.

Поранешниот меѓународен висок претставник во БиХ, Валентин Инцко, на 23 јули воведе закон со кој се забранува негирање геноцид. Истиот ден, Обвинителството на Босна и Херцеговина објави дека ќе формира случаи против сите оние што ќе го прекршат овој закон.

Националното собрание на Република Српска ја отфрли одлуката на Инцко и донесе одлука српските претставници да не учествуваат во работата на заедничките институции на БиХ, пред сè, на Претседателството, Советот на министри и Парламентот.

Парламентот на РС, исто така, усвои закон со кој се казнува нарекувањето на Република Српска „геноцидна и агресорска творба“.

Бих; Милорад Додик геноцид обвинителство регион Сребреница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.