Министерството за надворешни работи (МНР) денеска од 11 до 17 часот, организира Отворен ден. Граѓаните ќе можат да ги посетат просториите на Министерството и да поднесат забелешки, предлози и идеи пред ресорниот министер Бујар Османи и другите вработени.
Дипломатијата ги отвора вратите. Министерството за надворешни работи ги отвора вратите за средба со граѓаните резиденти во земјава и претставници на дијаспората, со цел да ги слушне нивните забелешки, предлози и идеи, за подобрување, пред сѐ, на конзуларните услуги, но и за сите други области од директен интерес за граѓаните, а се поврзани со работата на оваа институција, објава министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.
Со ова, како што се наведува, сакаат да ја претстават работата на МНР, како во однос на поблиско запознавање, така и во однос на транспарентност, проекти и политика.