Наместо локдаун, грчките стратези за справување со корона-кризата, смислиле: невакцинираните работници независно дали се во јавниот или во приватниот сектор да прават тестови еднаш до два пати неделно на свој трошок. Цената би била фиксна а ова правило би почнало да важи од септември.
„Грција не размислува да воведува нов локдаун, независно што ќе покаже распространувањето на коронавирусот. Економијата нема да се затвори“, изјави за грчката телевизија „Скај“ портпаролот на владата во Атина, Јанис Иконому.
Иконому навести дека одлуката за ова, грчката влада се очекувало да ја донесе веќе наредната недела.
Според него, вакцинираните работници ќе имале повеќе можности и опции за движење , додека невакцинираните би можело да се соочат со рестрикции