Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ММФ ни додели 161 милион евра кои ќе бидат вклучени во девизните резерви

0
By НОВА ТВ on August 23, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 23, 2021 12:27

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ѝ додели околу 133 милиони нови специјални права на влечење (СПВ), или околу 161 милион евра на нашата земја, кои денеска ќе бидат вклучени во официјалните девизните резерви, информираат од Народната банка (НБ).

Овој износ, додаваат, ни е доделен во рамките на новата општа распределба на СПВ на ММФ и соодветствува со нашата квота во ММФ.

-ММФ распредели вкупно 455 милијарди СПВ (околу 551 милијарда евра) на 190 земји членки. Ова е најголемата распределба на СПВ во историјата, или двојно повисока од сите досегашни распределби заедно. Последната општа распределба на СПВ беше во 2009 година, кога беа распределени 161,2 милијарди СПВ на земјите членки, истакнуваат од НБ.

Според нив, овој пат целта на општата распределба на СПВ е со нив да се обезбеди непречен пристап до девизна ликвидност за земјите во време на најголемата здравствена и економска криза со која се соочува светот во изминатите децении.

-Придобивките за земјите се повеќекратни: со нив се обезбедува брзодостапна и безусловна девизна ликвидност со која се зголемуваат девизните резерви, односно се зголемува девизниот потенцијал на економијата, што го јакне потенцијалот на економиите за справување со кризата, велат од НБ.

СПВ се резервни средства креирани од ММФ кои земјите членки можат да ги чуваат како дел од своите официјални резерви или, пак, да ги искористат за   плаќање долгови и камати, за идно зголемување на квотата во ММФ или за други буџетски потреби.

-Доколку ги чуваат како дел од своите официјални резерви, земјите немаат никаков трошок. Доколку се претворат во друга валута за да се искористат за други цели, тогаш трошоците за земјата се исклучително ниски (тековно каматна стапка на користење на СПВ изнесува 0,05 отсто), прецизираат од Народна банка.

ММФ Народна банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.