Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Авиони и хеликоптери останаа во рацете на Талибанците, но тие пак немаат пилоти

0
By НОВА ТВ on August 24, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 24, 2021 10:36

Талибанците заземаа неколку авиони, воени хеликоптери и противтенковски проектили што останаа во Авганистан за време на акцијата за повлекување на американските војници од земјата, објави ТВ каналот Ал-Арабија, повикувајќи се на извори.

„Се уште нема одлука кои чекори да се преземат за да се елиминира она што падна во рацете на Талибанците. Веројатно е тешко за Талибанците да користат хеликоптери и авиони, бидејќи немаат пилоти, а и услугите за одржување се исто така недостапни за Талибанците“, рекол изворот. Тој истакна дека САД чекаат да заврши евакуацијата пред да одлучат дали ќе започнат воздушни напади за да ги спречат Талибанците да користат воена опрема.

На прес-конференција, портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, рече дека во текот на изминатите 24 часа, САД го надминаа максималното ограничување за евакуација – од 9.000 луѓе на 10.400 луѓе. Тој додаде дека „25 воени авиони во неделата евакуираа околу 16.000 луѓе од Авганистан“. Кирби истакна дека Вашингтон е посветен на извлекување што е можно повеќе луѓе и тоа што е можно побрзо. Тој рече: „Ако е неопходно да се продолжи рокот, ќе разговарам со претседателот Џо Бајден“.

Претходно, Талибанците рекоа дека ќе ја разгледаат одлуката за евентуално присуство на американски војници во Авганистан по истекот на рокот предвиден во билатералните договори – 31 август, бидејќи тврдат дека тоа е „продолжување на окупацијата“, што може да предизвика соодветни „последици“. Ова го објави на 23 август претставникот на политичката канцеларија на талибанците Мохамад Сохаил Шахин.

Американскиот претседател Џо Бајден во интервју за каналот Еј-Би-Си рече дека поради препреките при евакуацијата на 65.000 странци и Авганистанци кои сакаат да ја напуштат земјата, на аеродромот во Кабул ќе бидат испратени уште 5.000 американски војници, покрај оние што во моментов се грижат за безбедноста на аеродромот. Тој, исто така, призна дека американскиот воен персонал може да остане во земјата по датумот што претходно беше договорен со Талибанците – 31 август, доколку евакуацијата се одложи.

евакуација Талибанци Џо Бајден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.