НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Канонада од бугарски и грчки амадмани во ЕП

0
By Нова ТВ on February 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поднесени се вкупно 203 амадмани на предлог Резолуцијата за Република Македонија од известувачот Ричард Ховит, што во април годинава треба да ја донесе Европскиот парламент.

Вкупно 127 амандмани поднесоа грчките и бугарските европратеници на предлог, од кои дури 92 амадмани се на бугарските, а 35 на грчките европарламентарци.

Покрај амандманите посветени на спорот со името и наводното непочитување на Бугарите во Македонија, Атина и Софија имаат идентични амадмани и на предлогот на Ховит.
Пратениците Салавракос и Кирилов бараат да се нотира „сериозна загриженост за последните политички случувања и почитување на демократијата“, додека Стојанов бара дециден став дека “земјата не ги исполнува политичките критериуми“!

Најактивни биле пратениците од Бугарија, либералот Станимир Илчев и Андреј Ковачев (Европски народни партии) кои поднесоа 30 амандмани. Европратеникот од бугарската партија Атака Димитар Стојанов поднел 25 амадмани.

Во еден од своите амандмани Ковачев вели дека „продолжува нетолерантноста и проследувањето на лицата со бугарска самосвет”, при што бара да се земат предвид „насилствата во Собранието пред крајот на минатата година, кога опозициски пратеници беа тепани и изнесувани на сила надвор од пленарната сала“.

Тој исто така бара во Резолуцијата да влезе дека „опозициската СДСМ презема дејства што не одговараат на европските стандарди за толерантност поради случајот кога нејзини општинки советници во Скопје скандираа „мрсни Бугари!“ кон своите колеги од општинскиот совет по повод преименување на улица“.

Известувачот Ховит предлага нов параграф во врска со политичките случувања во Македонија.

„ЕП верува дека Собранието е примарен форум за соочување и решавање на прашања и се повикуваат сите партии да се вклучат конструктивно во парламентарен дијалог. Притоа ги подравуваме состаноците меѓу Владата и лидерите на опозицијата и личното лидерство од страна на комесарот за проширување. Договорено решение и враќање на парламентарната расправа ќе биде во интерес на сите политички партии во земјата во рамки на агендата за интеграција во ЕУ и НАТО, вели Ховит во амандманот.

Ховит со амадман бара и „решавање на билатералните прашања во констурктивен дух и земајќи ги предвид севкупните интереси на ЕУ и вредностите на Унијата”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025
ФОКУС

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

ВЕСТИ August 17, 2025

По повод 18. август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе…

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.