Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Пеликанот“ најдобра претстава на ИНТЕФ фестивал во Шабац, Србија

0
By НОВА ТВ Balaban on August 24, 2021 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 24, 2021 14:45

„Пеликанот“ освои пет награди на овој фестивал, односно сите награди кои ги доделува стручното жири

Претставата „Пеликанот“ на Аугуст Стриндберг во изведба на младата екипа од Универзитетот Еуропа Прима – Скопје, се враќа како апсолутен победник од вториот Интернационален театарски фестивал – ИНТЕФ, од Шабац, Србија.

Фестивалот се одржа минатата недела, од 14 до 19 август под мотото „ИНТЕФ е тоа што нѐ спојува“, а е во организација на млади уметници од Србија, чија цел е обединување на млади театарџии од сите земји во регионот, разменување на идеи и прикажување претстави сите пет фестивалски денови.

– На репертоарот на овогодишниот фестивал од околу 40-тина пријавени, во програмата беа селектирани 10 претстави. Во селекцијата единствен претставник од Македонија, беше претставата „Пеликанот“ на Аугуст Стриндберг на младата екипа од универзитетот Еуропа Прима – Скопје, во режија на Теодора Силјаноска, дипломиран театарски режисер и четворицата млади актери: Кристина Гиева, Марија Кондовска, Ане Блажовски и Матеј Стојковски, сите студенти во класата на проф. Дејан Пројковски, наведуваат од Универзитетот.

„Пеликанот“ освои пет награди на овој фестивал, односно сите награди кои ги доделува стручното жири: Награда за најдобра претстава според оценка од публика, Награда за најдобра претстава од Жирито на учесници на фестивалот, Најдобра машка улога според стручно жири – Ане Блажовски, Најдобра женска улога според стручно жири – Марија Кондовска, како и Најдобра претстава според стручно жири.

Претставата се одигра на 16 август со почеток од 21 часот во Домот на култура на Мишар, а победниците на овогодинешното издание на фестивалот во повеќе категории беа прогласени по петте театарски денови, на затворањето на фестивалот.

„Пеликанот“ ИНТЕФ фестивал најдобра претстава Шабац
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.