Руската федерална служба за безбедност во Москва и неколку други региони уапси 31 лице, припадници на терористичката организација „Хатиб Тавхид ал Џихад“.
Според соопштението на ФСБ, тие регрутирале нови членови и ги испраќале за Сирија.
ФСБ спроведе заедничка акција со Министерството за внатрешни работи и Националната гарда во Москва, Новосибирск, Јакутск, Краснојарск и неколку помали места во регионот Новосибирск, и притоа ги оневозможи активностите на оваа терористичка организација, пренесуваат руските медиуми.
Членовите на ќелиите на „Катиб Таххид ал Џихад“ регрутираа нови членови, ги испраќаа во борбените зони, финансираа терористи кои се во Сирија и повикуваа на терористички активности.
Како дел од акцијата, меѓудругото, конфискувана е и забранета верска литература, пропаганден видео материјал и банкарски картички.