Во близина на воен камп кај Утрехт, Холандија вчеравечер избувнаа немири, по протестите против населувањето на бегалци од Авганистан.
Холандските власти најавија дека ќе прифатат околу осумстотини бегалци, кои ќе бидат сместени во воени кампови. По најавата за пристигнување на бегалците, стотина радикални десничари се собраа пред еден од камповите и извикуваа националистички пароли, пренесува Би-Би-Си. Откако полицијата ги предупреди да го напуштат местото ситуацијата стана тензична, но засега нема информации за повредени или уапсени.