Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНИЦЕФ со предизборен апел до партиите: Вклучете ги младите – недозволиво е 85 отсто од нив да не се прашуваат за ништо

0
By НОВА ТВ Balaban on August 26, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 26, 2021 12:47
Од УНИЦЕФ апелираат за поголема вклученост на младите, бидејќи, според нив, недозволиво е што дури „85 отсто од младите никогаш не биле консултирани од властите“
УНИЦЕФ деновиве им се обрати на политичките партии, на децата и на младите, со забелешка до партиите зошто младите ги немаат во поголем број на местата  каде се носат важни одлуки и се креираат политики и ги потсети партиите дека тоа не е само обврска од Законот за младинско учество и младински политики, туку дека тие треба да создадат и простор за оспособување на младите да бидат двигатели на промени за градење подобра иднина.

Од УНИЦЕФ апелираат за поголема вклученост на младите, бидејќи, според нив, недозволиво е што дури „85 отсто од младите никогаш не биле консултирани од властите“, како што стои во соопштението. Инаку, декларативно, сите политички партии во земјава велат дека имаат квота за младите луѓе, но колку таа се применува во реалноста е друга приказна.

– Децата и младите имаат право да се чуе нивниот глас и да влијаат врз прашањата што им се важни. Тие се директно засегнати од одлуките на локалните лидери за образованието, животната средина, детската и социјална заштита и урбанистичкото планирање, но често се исклучени при нивното донесување. Загрижувачки е што 60 проценти од младите во Северна Македонија веруваат дека не можат да имаат влијание врз начинот на работа на властите, а 85 отсто од нив никогаш не биле консултирани од властите. Претстојната изборна кампања е можност за вас, кандидатите за локални функционери, да ги вклучите младите во дискусија за тоа како општините да станат по мерка на  децата и младите – соопштија од УНИЦЕФ и додаваат:

– Ако размислувате да се кандидирате за градоначалник или локален советник, ве молиме разговарајте и консултирајте се со младите за овие и други прашања од важност за нив. Слушнете го гласот на младите во предизборната кампања и дајте им простор да ја изразат својата визија за општината. Дајте заложба дека ако станете градоначалници или општински советници, ќе работите на формирање ефективни локални младински совети кои ќе им дадат вистински и уважуван глас на младите при носењето одлуки. Притоа, не само што ќе постапите според обврската од Законот за младинско учество и младински политики, туку ќе создадете и простор за оспособување на младите да бидат двигатели на промени кои ќе ви помогнат да изградите подобра иднина за нив и за идните генерации – порачаа од УНИЦЕФ.

Добра е застапеноста на младите, велат во партиите  

Од СДСМ велат дека на локалните избори ќе настапат со кандидати блиски до граѓаните, чесни, одговорни, истакнати, искусни, но и млади и почитувани во своите средини, вредни, со конкретни планови и решенија, секој за својата општина. Генералниот секретар на партијата вели дека голем дел од кандидатите за градоначалници се млади.

– Имаме и млади кандидати, во Кратово (29), во Зрновци, Росоман, (25). Поддршката на концептот на млади и како кандидати за градоначалници и како кандидати за советници и носители на листи во наредниот период ќе продолжи, особено ќе го изразиме акцентот на носителки на советничките листи и СДСМ е предводник во тој концепт, изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека има добра застапеност на младите, особено на оние кои се на возраст меѓу 30 и 40 години.

– Кај нас на совeтничките листи има многу помлади кандидати и тоа не само преку Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ,  туку и поради демократскиот начин на избор за советници – целото членство во секоја општина гласа за кандидати на советничките листи, сите гласаат! Предлозите не ги прави раководството на партијата или од општинските комитети. Генерално, имаме помладо членство и очекувам да има многу помлади кандидати за советници за претстојните Локални избори, зашто предлог-листите сѐ уште не се завршени. Очекувам да има и кандидати на 22, 23 годишна возраст, а за градоначалници повеќето кандидати се на возраст од 30 до 40 години, а според мене, и тоа се млади луѓе, па еве и јас сум на таа возраст – изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за Нова ТВ.

Во врска со тоа дали за градоначалник на Скопје ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат партиски кандидат или ќе поддржат нечија друга кандидатура, Николоски одговори:

– До крајот на неделата имаме состанок на органите на  партијата и ќе донесеме дефинитивна одлука дали во трката за градоначалник на Скопје ќе одиме со партиски кандидат или ќе поддржиме граѓански кандидат – изјави Николовски.

За тоа колку младите се застапени како предлог-кандидати на советничките листи и за градоначалници, од Коалицијата Либерална партија – ДОМ велат:

– Кај помалите партии, бидејќи одат со помал број советници, не доаѓа до израз  тој процент за застапеноста на младите. Но во скопските општини Коалицијата ЛДП – ДОМ ќе настапи со нов и подмладен тим, со нови, млади луѓе кои не се стриктно партиски профилирани, а кои уживаат реноме и поддршка од средините од кои доаѓаат. Тоа се  личности кои се докажани кадри во своите професии и кои учеството во локалната самоуправа не го гледаат како можност за личен напредок, туку како можност да се вградат себеси во креирањето подобри услови за сите граѓани и за пошироката заедница, изјави Горан Милевски, претседател на ЛДП.

Од Алијанса на Албанците, која заедно со Алтернатива ќе настапува на претстојните избори, велат дека младите и сега се застапени во оваа партија онаму каде таа е власт на локално ниво, и имаат голем број функционери од подмладокот.

– Ќе имаме огромен број на млади на листите за советници. И сега каде што владее Алијанса на Албанците, имаме од подмладокот на партијата, особено во општините Гостивар, Боговиње и Врапчиште. А подготовките за локалните избори досега добро се одвиваат, ни рече Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар и висок функционер во Алијанса на Албанците.

Љубица Балабан

децата младите политички партии УНИЦЕФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.