Од УНИЦЕФ апелираат за поголема вклученост на младите, бидејќи, според нив, недозволиво е што дури „85 отсто од младите никогаш не биле консултирани од властите“
УНИЦЕФ деновиве им се обрати на политичките партии, на децата и на младите, со забелешка до партиите зошто младите ги немаат во поголем број на местата  каде се носат важни одлуки и се креираат политики и ги потсети партиите дека тоа не е само обврска од Законот за младинско учество и младински политики, туку дека тие треба да создадат и простор за оспособување на младите да бидат двигатели на промени за градење подобра иднина.