Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисијата за заразни болести го разгледува барањето на Тетово за онлајн настава

0
By Ivana on August 27, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 27, 2021 12:25

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок за барањата на Кризниот штаб на Општина Тетово, за учебната година таму да започне со онлајн настава наместо со физичко присуство на учениците, информира Министерката за образование и наука Мила Царовска

– Во координација сме со градоначалничката на Општина Тетово и ние и Министерството за здравство. Сабајлево се одржа состанок на Комисијата за заразни болести и веднаш штом добиеме инструкција или мислење од страна на Комисијата, понатаму ќе продолжиме во разговорите со Општина Тетово и секако дека сите одлуки мора да поминат и на Главниот координативен штаб на Владата и на владина седница. Затоа мислам дека се останато би било шпекулација. Во моментов е тоа, дека се разгледуваат нивните барања и се разговара на Комисијата за заразни болести, рече Царовска по посетата на Основното училиште „Дане Крапчев” во скопската општина Гази Баба.

Тетовската градоначалничка Теута Арифи вчера на прес-конференција побара во тетовскиот регион првите три недели од новата учебна година да бидат онлајн, а потоа учениците да почнат да одат во училиштата. Причината е поради високите бројки на заболени од Ковид во Тетово, а барањето е испратено до Кризниот штаб на Владата, Министерството за образование и Комисијата за заразни болести.

– Ние како штаб за Тетово ќе ги контролираме дали имаат барем една доза вакцина вработените. Тие што не се вакцинирани во училишта ќе бидат обврзани секои 72 часа да донесат доказ за негативен тест и да продолжат да работат. Мислам дека мора да повикуваме на вакцинација и малку да наложиме. Ние како локални авторитети ќе го спроведеме, поради здравјето на сите. Свесни сме дека некој поради здравствени причини не може да прими вакцина, ама тоа може да се аргументира пред училиштето. Како што се прави тестирање за шетање, така и за школо ќе се прави, изјави вчера Арифи.

Царовска, пак, вчера увери дека според искуствата од минатата учебна година, безбедни се условите за учениците да ја започнат учебната година во училишните клупи. – Сите ја следат епидемиолошката состојба на локално ниво и сите сме тука, заедно да гледаме која е опцијата да почнеме сите истовремено под еднакви услови. Ние се водиме од меѓународните и од нашите, домашни искуства од минатата година и од препораките на Комисијата за заразни болести. Она кое е утврдено на владина седница уште во јуни е дека Министерството треба да се подготвува за три сценарија: едното е целосно физичко присуство, другото е хибриден модел и последното-сите со онлајн настава. Неодамна, пред три владини седници, сите заедно, по препорака на Главниот координативен штаб, донесовме одлука учебната година да почне на 1 септември и да стартува со физичко присуство за сите ученици во сите училишта. Тоа го подготвуваме и за тоа се подготовките, изјави министерката.

Мила Царовска Онлајн настава Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 7, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

ВЕСТИ May 7, 2026

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп претстави нова стратегија за борба…

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.