Додека се пребројуваат жртвите од вчерашниот троен самоубиствен бомбашки напад на аеродромот во Кабул, Американски високи воени претставници стравуваат од нови напади на ИСИС, кои според нив би се случиле или со ракети или со возила полни со експлозив.
Си Ен Ен утрово објави дека во вчерашните напади во Кабул загинале над 95 луѓе а најмалку 150 се ранети. Меѓу убиените 13 биле маринци а меѓу ранетите 18 војници.
Претходно неименуван Талибански претставник соопшти дека во експлозиите загинале 28 Талибанци, но подоцна оваа вест беше демантирана од портпаролот на Талибанците.
Како што веќе е објавено, одговорноста за вчерашните напади на аеродромот во Кабул ја презеде ИСИС.