Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, рече денеска дека би можел да остане во клубот и во следните пет години и на тој начин се огради од изјавата што ја даде на бразилскиот економски форум.
Шпанецот пред група бразилски инвеститори во средата изјави дека ќе му треба одмор по 2023 година кога ќе му истече договорот со Сити, по што би сакал да предводи јужноамериканска репрезентација.
„Не размислувам да заминам по две години. Можам да заминам и по два месеца доколку резултатите не бидат добри или клубот не е задоволен од мојата работа. Можам да заминам за два месеца или за пет години. Во моментот немам причина да си одам, изјави Гвардиола.