НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реновиран објектот на Полициското одделение Чашка

0
By НОВА ТВ on August 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Согласно планот за реализација на реконструкција на објектите и подобрување на условите за работа на вработените во Министерството за внатрешни работи, завршена е целосната реконструкција на објектот на Полициското одделение Чашка.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети ова Полициското одделение во општина Чашка и оствари средба со раководството на СВР Велес, но и на оваа полициска организациска единица по повод завршената санација и реконструкција на објектот.

Тој напомена дека во постапката на реконструкција на објектот направена е комплетна санација на кровната конструкција, изработена е нова термоизолациона фасада на целиот објект, заменета е старата електрична инсталација со нова, направена е комплетна замена на старите дрвени прозорци со нови  ПВЦ прозорци, а поставено е и ново парно греење.

-Посебно ми е драго што колегите од оваа наша организациска единица од денеска и официјално добиваат квалитетен, реконструиран и саниран работен простор и амбиент кој што ќе придонесе  за подобрување на квалитетот и стандардот на работа и услуги што полицијата ги дава на граѓаните како нивен сервис, истакна Спасовски.

Како што рече, извршени се и други потребни работи за реконструкција на објектот, а вкупно за оваа намена се потрошени 5.000.000 денари од буџетот на МВР.

Тој потсети дека од ноември минатата година реконструирани се 11 објекти, а моментално се работи и на други објекти кои ќе бидат целосно готови до крајот на оваа година.

-Ги завршивме објектите на Управни служби Кавадарци, ОВР Крива Паланка, ОВР Гевгелија, ОВР Кавадарци, Полициско одделение Ростуше, Војнички клуб Илинден за потребите на САЕ „Тигар“, ОВР Ресен, Полициско одделение Дојран, Полициска канцеларија Старо Нагоричане, Полициско одделение Ранковце и ова што денеска го промовираме – Полициско одделение Чашка, рече Спасовски.

Тој додаде дека се работи на реконструкцијата на ПС Карпош, ОВР Крушево, ОВР Прилеп, ОВР Радовиш, СВР Куманово, Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, ОВР Пробиштип, Полициско одделение Македонска Каменица, Полициско одделение Кривогаштани, ОВР Делчево, ОВР Берово.

Министерот Спасовски во рамки на работната посета на општина Чашка  се сретна и со градоначалникот на оваа општина Горан Стојановски при што беше констатирана одлична соработка меѓу полицијата и локалната самоуправа.

Оливер Спасовски Чашка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.