Вселенскиот патријарх Вартоломеј ги повика луѓето да се имунизираат против Ковид-19 и ги критикуваше противниците на вакцините, пренесе Катимерини.
Во интервју за грчка телевизија, тој го опиша како „целосно ирационален“ стравот на некои луѓе од вакцини против коронавирусот и ги поддржа оние што повикуваат на имунизација.
-Сосема е ирационално и нефер некој да се плаши и да ја избегнува вакцината. Нема разумен изговор, порача Вартоломеј.
Вселенскиот патријарх ги опиша противниците на вакцините како луѓе кои не размислуваат логично.
Тој повика сите да се вакцинираат без двоумење за да ги избегнат можни ризици од вирусот, вклучително и смрт.