Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прва редовна координација по колективниот одмор на Собранието

0
By Ivana on August 30, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 30, 2021 12:17

Прва редовна координација по колективниот одмор денеска во Собранието одржаа Претседателот на Собранието Талат Џафери и пратениците. Како што информираат од законодавниот дом, било договорно неделава на 1 септември да продолжат со преостанатите, незавршени седници а, следната, нова пленарна седница да биде закажана на 14 септември

Редовната координација, како што информираат од собраниската прес-служба, била во полн состав. Џафери, на координацијата, замолил да се почитуваат здравствените протоколи како што се почитуваа и досега, за, како што се вели во соопштението, да се заштити здравјето на пратениците, на вработените и нивните семејства.

Пратениците се враќаат на работа во Собранието, на речиси месец и половина пред локалните избори. Сега официјално на собранискиот сајт само на 1 септември (среда) има закажано три седници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, како и седница на Комисијата за економски систем.

На комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците на дневен ред се Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, во второ читање, поднесен од пратениците од владејачкото мнозинство,  Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка, во второ читање, како и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на лични податоци, по скратена постапка, исто така во второ читање.

Комисијата за економски прашања ќе расправа за Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, Предлог – законот за изменување на Законот за метрологијата, Предлогот за изменување на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали, Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за занаетчиство, Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба, Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговија, сите во второ читање.

одмор Собрание средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.