НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Катругалос: Грчката Влада одбива да го искористи Договорот од Преспа и да ги промовира стратешките односи со Северна Македонија

0
By НОВА ТВ on September 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Низа прашања меѓу кои и кога Грција ќе ги ратификува трите меморандуми со Северна Македонија, кога ќе ги промени таблите, дали постои план за промена на имињата на федерациите во соседната земја, но и кога ќе се одржи следниот совет на високо ниво,  поставува одговорниот за надворешна политика во опозициската СИРИЗА Јоргос Катругалос, јави дописничката на МИА од Атина.

Поранешниот шеф на грчката дипломатија во писмената изјава по посетата на Дендиас на Скопје, вели дека министерот за надворешни работи на Грција треба да даде јасни одговори „за да има  вистинска вредност било која посета на Северна Македонија или средби со нејзини функционери“.

-Кога ќе се имплементира договорот од јуни 2019 година за промена на учебниците во Северна Македонија, во однос на наводите за Александар Велики? Кој е планот за промена на имињата, особено на спортските федерации во соседната земја? Кога ќе се одржат предвидените средби за трговските ознаки? Кога Грција ќе ги смени таблите за на нив да пишува Северна Македонија? Кога ќе се ратификуваат трите меморандуми? Кога ќе се одржи Советот за соработка на високо ниво за да постојат нови меморандуми и договори?, се прашањата кои Катургалос, отворено ги поставува преку неговата писмена изјава.

Вели дека грчката Влада, „веќе две години, заробена во своите внатрешно – партиски ќорсокаци, одбива да го искористи Договорот од Преспа и да ги промовира стратешките односи со Северна Македонија, оставајќи им простор на националистичките сили од двете земји и слободно поле за Турција“.

-Тажна и контрадикторна е сликата, министерот за надворешни работи да изразува загриженост за одбранбениот договор на повеќе нивоа Турција –  Северна Македонија, кога Владата две години не може да ратификува ниту еден технички воен договор, коментира Катругалос.

Катругалос Преспански договор Сириза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.