НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МФ: Советот за развој на пазарот на капитал усвои концепт за подготовка на Стратегијата за либерализација и развој на финансиските пазари

0
By НОВА ТВ on September 1, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Подготовка на Стратегија за либерализација и развој на финансиските пазари и прашањето околу регулацијата на употреба на криптосредствата беа главните теми на кои се дискутираше на денешната седница на Советот за развој на пазар на капитал, со кој претседава министерот за финансии Фатмир Бесими.

– Стратегијата ќе придонесе за правилно насочување на понатамошниот развој на финансиските пазари и нивна либерализација, а на нејзино изготвување работи работна група составена од претставници од Министерство за финансии, Министерство за економија, Народна банка на Република Северна Македонија, Комисија за хартии од вредност, Македонска берза и Централен депозитар за хартии од вредност документ, велат од Министерството за финансии.

Оттаму истакнуваат дека целта е подигнување на улогата и значењето на пазарот на капитал, либерализација на финансиските пазари, како и зголемување на придонесот на пазарите на хартии од вредност во растот на БДП. Додека активностите и мерките се насочени кон домаќинствата, компаниите, институционални инвеститори, инфраструктура и банки.

На денешната седница бил усвоен концептот за подготовка на Стратегијата за либерализација и се дале насоки на работната група за продолжување на активностите за финализирање на Стратегијата. Истата се очекува да биде финализирана до крајот на оваа година.

Стратегијата ќе дефинира рокови, носители на активностите и очекувани документи кои се однесуваат на посебните мерки, како и акциски план за нејзино спроведување.

На седницата било отворено и прашањето за потребата од регулирање на виртуелните средствата, познати како криптовалути. Пред членовите на Советот биле претставени досегашни активности поврзани со законското уредување на виртуелните, односно крипто-средства во РС Македонија, како и понатамошни активности поврзани со активностите за законско уредување на виртуелни односно крипто – средства.

– Некои држави имаат донесено законски решенија за регулирање на виртуелните средства, се со цел да привлечат инвеститори во виртуелни средства и да се отворат за иновативната технологија врз основа на која се создадени овие средства. Во Република Северна Македонија првпат со Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам се среќаваат виртуелните средства само од аспект на активности поврзани со спречување перење пари и финансирање на тероризам, велат од Министерството за финансии.

Ова е втора седница на Советот, кој ги интензивира активностите, а чија цел е да даде придонес во изнаоѓање вистински решенија за натамошен раст и развој на пазарот на капитал преку заеднички напори и меѓусебна размена на искуства и идеи.

Совет за развој на пазарот на капитал ја следи состојбата на пазарот на капитал и предлага мерки за обезбедување на негов континуиран раст и развој. Го сочинуваат министерот за финансии д-р Фатмир Бесими, кој е и претседател на Советот, а членови се претставници на Министерството за економија, Комисијата за хартии од вредност, Народната банка на Република Северна Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Македонска берза АД Скопје, Централен депозитар на хартии од вредност АД Скопје и претставник на стопанските комори.

Бесимии Пазар Финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.