Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува реставрација на древниот водовод-скопскиот Аквадукт им пркоси на вековите

0
By НОВА ТВ on September 2, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 2, 2021 13:24

Почна првата фаза на конзервација и реставрација на скопскиот Аквадукт, откако неодамна Владата донесе одлука да го прогласи за културно наследство од особено значење. Според министерката за култура, Ирена Стефоска, заштитата е скапа работа, но не е ништо во однос на ова културно добро.

„Затоа, го нареков ремек дело на старите градители кој што им пркосело на вековите, на природните непогоди, на војните и на луѓето. Сега имаме шанса тоа да го исправиме, тоа и го правиме. Неодамна Владата донесе одлука за прогласување на Аквадуктот за културно наследство од особено значење под категорија исклучително значење поради тоа што овој величествен споменик поседува вредности не само од големо национлано значење, туку тој му припаѓа и на човештвото“, рече Стефоска на денешната прес конференција.

Според министерката, скопскиот Аквадукт го доби највисокиот степен акт на заштита со што ќе се овозможи трајно зачувување на неговите вредности во културна и во историска смисла, заштита на архитектурата и на социјалниот, едукативниот, туристичкиот и економскиот аспект на локалитетот.

„Аквадуктот не е градежен материјал за несовесните и несвесните, ниту пак е сеф со некакво скриено богатство за крадците. Напротив, самиот аквадукт е скапоценост. Убедена сум дека институциите ќе го вложат сето знаење и умешност во неговата заштита“, рече Стефоска.

Таа напомена дека имаме обврска Аквадуктот да го промовираме пред светот кој ја препознава вредноста на овие споменици и ги става на туристичките мапи како атрактивни дестинации.

„Но, пред тоа неговата вредност треба да ја промовираме дома затоа што за жал, имам впечаток дека повеќето знаат каде се наоѓа „Сити мол“, но не знаат каде е овој древен водовод и што тој претставува. Убедена сум дека од денеска Аквадуктот го добива заслуженото внимание и грижа, додаде Стефоска.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Ацо Костов на денешната прес-конференција посочи дека станува збор за обемна и скапа работа и веројатно ќе изискува подолг период.

„Сега ја почнуваме работата од нулта позиција, а тоа е овде на лице место првин да се зачува физичката состојба на Аквадуктот. Драго ми е што ќе отпочнат работите и се надевам на добра и успешна завршница“, рече Костов.

Како што рече, ќе се работи на повеќе сегменти, ќе бидат инволвирани повеќе стручни лица од различни области, архитекти, конзерватори, историчари и останати.

„Се надевам дека ова ќе биде почеток на еден план каде Аквадуктот ќе добие соодветно место за Скопје и за сите туристи и останати граѓани во државата. Се надевам дека ќе се вклучат и останатите фели, ова ќе биде еден простор многу убав за различни манифестации, за младите, за културата, спорот и останатите“, посочи Костов.

Според директорот на Конзерваторскиот центар – Скопје, Коле Чапкановски, оваа година е многу значајна во делот на заштита на нашето наследство.

„ Најпрвин се почнува со акитивности околу каналот, односно водите што некогаш овде биле во изобилие, ќе ги насочуваме кон другиот канал. Следна постапка е зајакнување на столбовите. Тука сме да го зачуваме ова дело, да има еден повеќекратен бенфит за нашата држава,  рече директорот Чапкановски на денешната прес-конференција.

аквадукт Завод за заштита на културно наследство министерство за култура Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.