Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Планот е следната година да бидат дигитализирани двесте судници

0
By НОВА ТВ on September 2, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 2, 2021 13:06

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска соопшти дека е направен план за дигитализација со којшто ќе се овозможи речиси 200 судници низ државата да бидат опремени со соодветна опрема, која е донирана од повеќе странски субјекти, амбасадите на САД и Норвешка, ОБСЕ и ЕУ. Дигитализацијата треба да овозможи спроведување на онлајн судења. Маричиќ упати честитки до Судот во Кавадарци, како најподготвен и прв во процесот на дигитализација.

-Тој потфат треба да овозможи да има насекаде низ државата доволно опрема, опременост и подготвеност на кадарот да спроведе онлајн судење таму каде што ќе биде потребно и неопходно, но, исто така и јавноста да може да ги следи судењата без да мора физички да биде присутна, рече Маричиќ.

Тој потенцира дека за да се спроведе планот за дигитализација потреби се и законски измени.

– Ние во Законот за парнична постапка којшто е во Собрание веќе ги направивме тие измени. Во Законот за кривична постапка се работи на тоа. Едноставно целта ни е да имаме брзо и ефикасно судење без бескрајни одлагања и без можности за отстапување или манипулации. Тоа е особено важно во пандемија кога пандемијата и реално е објективна пречка за ефикасна постапка, но исто така се користи понекогаш и за одлагања. Нашата цел е наредната година веќе да ја имаме монтирано опремата низ државата, низ овие 200 судници и секако да ја опремиме и судницата во затворот „Идризово“ што значително би ги намалило трошоците и би ги олеснило судењата барем за скопското подрачје, истакна Маричиќ.

Тој додаде дека во планот за дигитализација е и штипското подрачје, особено апелациските судови и оние основни коишто се со најголем број на предмети ќе бидат опфатени затоа што тоа е најпотребно.

Во однос на испразнетите места во судовите и недостатокот од судии, како на пример Виничкиот суд кој има само еден судија, министерот за правда посочи дека за првостепените судови има само еден начин на избор на судии, а тоа е од оние коишто завршиле Академија за судии и јавни обвинители.

– За избор на судии или обвинители мора да се чека новата генерација, која треба да заврши до јуни или до крајот на идната учебна година и веќе наредната есен, значи во септември – октомври 2022 ќе можат да се избираат тие за судии или јавни обвинители. Се работи за околу 60 кандидати. Дотогаш немаме начин да избираме нови судии. Дотогаш ќе треба со организација на работата во договор со Судскиот совет и апелациските подрачја да се справат судовите со бројот на предмети и со обемот на работа, вели Маричиќ.

Тој е свесен дека треба да се пополнат одредени места за да може подобро да функционираат тие судови, но, вели треба да се почека една година за да може да се изврши соодветен избор од страна на Судскиот совет и Советот на обвинители по завршувањето на академците.

– Во Крива Паланка 12 години нема обвинител, во други места исто така има недоволен број на судии, има еден или ниту еден судија. Свесни сме за тој проблем. Впрочем, мислам дека Судскиот совет сега изврши избор, летово, на шест нови судии од последната генерација академци што останаа сè уште неизбрани и дел од нив се делегирани во Берово, дел од нив се делегирани во Крушево, така што Судскиот совет води грижа за пополнување на овие места, вели Маричиќ.

Бојан Маричиќ Дигитализација судници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.