Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Писателката Нада Алексоска петти добитник на наградата за животно дело „Коле Неделкоски“

0
By НОВА ТВ on September 2, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 2, 2021 17:17

Писателката Нада Алексоска, автор на бројни дела поезија и проза, е годинашен добитник на наградата „Коле Неделковски“, која се доделува за животно дело од Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес.

Признанието се доделува петти пат, а беше врачено денеска, на одбележувањето 80 години од смртта на поетот Коле Неделковски.

– Пријатно сум изненадена и горда на ова признание. Иако сум пензионер јас и понатаму читам и пишувам, рече Алексоска откако ја доби наградата на цеременијата во дворот на ССОУ „Коле Неделковски“.

Таа потоа положи цвеќе и на споменикот на Коле Неделковски во дворот на неговата родна куќа во село Војница.

Нада Алексоска е автор е на Монографијата „Смилјан Гриовски агентот на ЦИА“ издадена 1998 година, стихозбирките „ Кога душата говори“ ,Ластовичка“ , „Песната на ѕвездите“ и збирките на новели „Под сенката на брезата“  и „Муабетење со умот“. Од основно училиште почнала да пишува, а продолжила и понатаму, па се до денес. Нејзини творби се објавувани во разни весници и списанија, настапувала на многу манифестации и фестивали како во државата така и надвор од неа.

Како професор на Факултетот во градот Манхајм и како наставник во дополнителните училишта по македонски јазик во многу градови во Германија учествувала со своите ученици и студенти на многу собири, а за одбележување е настапот пред спомен плочата на Свети Методиј пред црквата во градот Елванген каде тој бил повеќе години во заточение. Неколку години била новинар и лектор на весникот „Македонско сонце“, а денес е дописник на весникот „Пензионер плус“ .

Алексоска е професор во пензија и хуманист. Пред две години го доби посланието Света Мајка Тереза за хумани вредности подарени за човечката среќа.

награда Нада Алексоска Писателка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.