Полицијата во Нов Зеланд утрово уби напаѓач кој со нож повреди најмалку шест лица во супермаркет во Оукленд. Премиерката Џасинда Ардерн го оквалификува нападот како терористички акт. Напаѓачот, според неа, бил државјанин на Шри Ланка кој бил под надзор поради врски со т.н. Исламска држава, пренесува „Би-Би-Си“.
Нападот врз супермаркет е „терористички напад“ на „насилен екстремист“ кој е следбеник на идеологијата на Исламска држава и кој беше под силен надзор на полицијата, изјави премиерката Ардерн.