МНР не открива зошто му е одреден притвор.
Вработен во министерството за надворешни работи, кој во моментов е упатен од МНР на Мисија во ОБСЕ во Виена, е притворен во Србија, потврдуваат од МНР.
Тој бил притворен претходниот петок, а српското МНР за тоа ја известил Амбасадата на Македонија во Белград.
– Според известувањето, надлежниот суд во Србија определил екстрадиционен притвор по основа на меѓународна потерница за дело за кое се товари дека го сторил за време на негово приватно патување во странство. Министерството за надворешни работи, согласно законските надлежности го стави во мирување работниот однос со притворениот вработен, сѐ додека случајот не биде разрешен, се наведува во соопштението на МНР.