Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Задолжителен карантин за холандските туристи кои летуваат на охридско-струшката ривиера

0
By Ivana on September 4, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 4, 2021 13:43

Околу триста холандски туристи кои моментално летуваат на охридско-струшката ривиера, при враќање во својата земја одат во задолжителен карантин од 10 дена, по најновата одлука на Холандија за патниците од Македонија кои при влез ќе треба да го почитуваат правилото за задолжителниот карантин од десет дена заради заштита од ковид-19

Ваквата мерка која од денеска ја воведува Холандија го преполови со патници и чартер летот кој требаше да пристигне в понеделник на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“. Од вкупно 160 Холанѓани кои се очекуваа, 80 го откажале летот.

Туристичките работници стравуваат дека следните најавени летови нема воопшто да полетаат.

„Ваквата мерка катастрофално влијаеше на холандските туристи. Веќе се намалува бројот на очекуваните гости. Значителен е бројот на оние кои го откажуваат летот. Очекуваме следните денови тој број да расте, што значи дека ќе прекинат и летовите кон Охрид“, вели Челик Асим, менаџер на туристичката агенција „КТМ војаж“, официјален преставник на „ТУИ“ во Македонија.

Холандија вчера објави дека од денеска ќе ја стави Македонија на листата земји каде што постои многу висок ризик од зараза со коронавирус. Од 6 септември, правилата за влез во Холандија дополнително ќе се заострат.
Покрај вакцина и карантин, од патниците ќе се бара и негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, односно негативен антиген тест не постар од 24 часа. Властите потенцираат дека потврда за вакцинирање или за прележан ковид-19 веќе нема да биде доволна сама по себе. Покрај Македонија, како земји од многу висок ризик се означени и Косово, Израел, САД и Црна Гора.
Холанѓаните кои летуваат на охридската ривиера, без оглед дaли се вакцинирани, пред заминување треба да се тестираат и кога ќе се вратат во Холандија подложни се на 10-дневен карантин. Петтиот ден од карантинот можат да прават тест и ако се негативни карантинот им се укинува. Ако одбијат мора да останат во карантин 10 дена.

Од почетокот на сезоната во Охрид пристигнале околу 2.300 холански туристи. Според туристичките работници, револт кај нив предизвикале и мерките да се влегува само со вакцинални сертификати во угостителските објекти. Повеќето од нив не знаеле за ваквите правила кога тргнале од Холандија оти не им било кажано од туроператорите.

„Шокирани беа, не знаеа како да се однесуваат, сè е катастрофа. Туристот доаѓа, го пуштаат на грaница, а потоа не го пуштаат во угостителски објект“, вели Асим.

После подолг период поради епидемијата на коронавирусот, летово повторно се воспоставија редовните сезонски линии од Холандија до Охрид. Предвидено беше оваа сезона туроператорот „ТУИ“ до Охрид да оперира со две авионски линии седмично и да донесе над 3.200 холандски туристи.

До вчера, во земјава се активни 14.998 ковид болни, од кои во Охрид 510, а Струга 582. Вчера во Охрид имаше 24 нови позитивни, а во Струга 18.

Карантин Холандија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.