Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По скандалот со уапсениот дипломат, Османи најави вонреден ветинг на сите дипломати

0
By Ivana on September 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 4, 2021 17:44

Вонреден ветинг на сите дипломати најави министерот за надворешни работи, Бујар Османи, откако вчера беше објавено дека македонски дипломат кој бил баран со меѓународна потерница е приведен во Србија

Уапсениот е дипломат кој е на мисија во Виена, а како што објавија повеќето медиуми станува збор за Миле Миленковски, заменик-шефот на мисијата на ОБСЕ во Австрија.

– Јас презедов серија на мерки и одлуки, во смисла на одлука за отповикување односно повлекување од мандатот и прекинување на мандатот во Виена, мирување на работното време бидејќи законот не дозволува поинаква одлука се до расчистување на состојбата. Меѓутоа, решив да се направи вонреден ветинг на сите дипломати од МНР користејќи ги механизмите на НАТО сертификати, националните сертификати и други инструменти за целосен ветинг на дипломатите со цел да не ни се случат вакви работи, изјави денеска министерот Османи.

Делото за кое се барал дипломатот е сторено во 2018 година, за време на приватно патување во странство. Со него приведен е уште едно лице, поранешен дипломатски службеник. Тие се наоѓаат во екстрадиционен притвор во Србија.

Наводно дипломатот Миленкоски пред 3 години бил дел од операција за бегство на контроверзен ерменски бизнисмен од неговата татковина, кој во Ерменија бил обвинет за злоупотреба на државни фондови и за перење пари.

Според весникот Коха, македонскиот дипломат Миленковски го помогнал бегството на ерменскиот бизнисмен со брзо формирана хуманитарна организација за лица со посебни потреби и со приватен авион. Во оваа активност на дипломатот Миленковски учествувале уште двајца македонски дипломати, пишува весникот.

 

 

ветинг дипломат МНР скандал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.