НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи иницирал итно формирање работна група за испитување на постоење евентуална закана за МНР со приведениот дипломат

0
By Ivana on September 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Бујар Османи иницирал итна процедура за формирање работна група која треба да изврши првична итна ревизија на состојбите со сертификатите и документацијата со цел да се утврди дали постои одредена иманентна закана за сигурноста и доверливоста на куќата, особено закана која е поврзана со предметниот случај, со приведениот македонски дипломат

Ова е еден од чекорите, што тој ги презел во врска со случајот, а за кои информираше преку Фејсбук статус. Во статусот ги наведува, како што вели, итните мерки што досега ги презел во врска со овој случај

Како прво, вели Османи, согласно законските можности, на приведениот вработен му е ставен работниот однос во мирување и повлечен е од неговите задолженија во мисијата во ОБСЕ.

Како второ ја наведува итната процедура за формирање на работната група. Како трето наведува дека работната група ќе добие и задолжение да оствари меѓуресорска соработка со правосудните служби и службите за безбедност, со цел да се подготви план за вонреден ветинг на дипломатијата. Оваа работна група, додава Османи, ќе треба да ја оформи и меѓуресорската Комисија која ќе ѝ биде предложена на Владата, која, пак, ќе треба да го спроведе вонредниот ветинг преку процесите на сертификација и дополнителна безбедносна проверка.

– Четврто, ќе побарам од сите раководни позиции, директори и раководители на сензитивни позиции, задолжително да ја поминат процедурата на најстрог ветинг, преку системот на НАТО сертификати. Овој процес планирам да го направам задолжителен и во системот на пополнување амбасадорски места, истакнува министерот за надворешни работи.

Тој изразува загриженост и вознемиреност поради последниот случај со приведувањето на вработениот во МНР во друга земја, поради потерница, која ја побарала трета земја.

– Сакам да изразам крајна загриженост и вознемиреност поради последниот случај со приведувањето во друга земја на еден вработен во Министерството за надворешни работи, поради потерница која ја побарала трета земја. Тоа не само што предизвикува непредвидливост во работата на дипломатијата, туку ја разнишува довербата и авторитетот на куќата, напиша Османи на Фејсбук.

Напоменува дека како земја -ченка на НАТО и како идни претседавачи со ОБСЕ во 2023 година, имаме обврска да воспоставиме непропустлив систем на сертификација и проверка на дипломатскиот кадар со цел да се врати довербата и во институцијата и во државата.

Како што претходно беше објавено станува збор за македонскиот дипломат Миле Миленкоски, заменик-шеф на нашата мисија во ОБСЕ, кој е баран од ерменските власти, а е приведен на 27 август на српската граница, поради распишана меѓународна потерница.

Ерменските медиуми јавија дека на барање на Ерменија, Миленкоски е уапсен, а информацијата ја потврди Гор Абрахамјан, советник на ерменскиот јавниот обвинител во интервју за „Лурер“.

Тој е приведен на 27 август при обидот да ја премине границата во Прешево за да влезе во Северна Македонија, а Абрахамјан за ерменските медиуми изјави дека македонскиот дипломат е уапсен во врска со криминални активности поврзани со ерменскиот патен коридор Север-Југ.

-Македонскиот дипломат помогнал во бегството на ерменски државјанин, кој добил македонски пасош и кој е поврзан со криминалните активности со коридорот Север-Јур, истакна Абрахамјан.

Според ерменските безбедносни сили, како што јавуваат ерменските медиуми, во 2018 година тројца дипломати од Северна Македонија, предводени од Миленкоски, му помогнале на поранешниот ерменски функционер да избега од земјата со приватен лет.

МНР ОБСЕ Османи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.