НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска-Бежоска: Поддршката за економијата, вклучително и од централните банки, не треба да запре предвреме

0
By НОВА ТВ Balaban on September 7, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Една од лекциите научени од Големата финансиска криза од 2008/9 година е дека поддршката за економијата од носителите на политиките, вклучително и од централните банки, не треба да запре предвреме, пред да има солидна и одржлива динамика на обновување на економскиот раст. Закрепнувањето од досегашните шокови од корона-кризата е во тек, но неизвесноста во врска со пандемијата и нејзините влијанија врз динамиката на економското заздравување сѐ уште постои и потребна е натамошна поддршка од носителите на политиките. Користејќи го сѐ уште расположливиот простор за монетарен стимул, Народната банка ќе продолжи со водењето олабавена монетарна политика, со тоа давајќи поддршка за македонската економија во нејзиното закрепнување.

Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вчера, на панел-дискусијата на тема „Макроекономските политики и јавните финансии во време на постпандемија“, на Првата годишна конференцијa на Министерството за финансии – „Економско заздравување и раст по ковид“, во рамките на Економскиот и финансиски форум, информираа од Кабинетот на гувернерката.

Во дискусијата, гувернерката истакна дека сепак, просторот за водењето олабавена монетарна политика не е неограничен и дека воопшто, централните банки секогаш мора да внимаваат и на можните несакани ефекти и ризици од предолг период на олабавување на монетарната поставеност.

„Накусо, иако преку монетарната политика се обезбедува дополнителен стимул за економијата, за да се постигнат долгорочни позитивни ефекти, потребно е да се задржи вниманието и на структурните и на трансформациските политики, коишто се клучни за зголемување на потенцијалот за раст.“ – посочи Ангеловска-Бежоска.

Во однос на поставената на монетарната политика, таа нагласи дека со оглед на монетарната стратегија за де факто фиксен девизен курс, просторот за приспособување на политиката зависи првенствено од два клучни фактора: официјалните девизни резерви и ценовната стабилност. Притоа, се осврна на актуелните состојби и меѓу другото посочи дека според сите стандарди, девизните резерви остануваат соодветни за стабилност на девизниот курс на денарот во однос на еврото.

На панел-дискусијата, којашто ја водеше шефот на Одделот за економија, градење на институциите и прекугранична соработка при Делегацијата на ЕУ, Фрек Јанмат, гувернерката Ангеловска-Бежоска говореше и подетално за мерките на Народната банка и ефектите од нив од избувнувањето на ковид-кризата наваму, како и за кондицијата во којашто се наоѓа банкарскиот систем според најновите показатели. Притоа, нагласи дека показателите укажуваат на простор и за натамошна кредитна поддршка за економијата од страна на банкарскиот сектор, при што секако треба да се има предвид и потребата од негова претпазливост.

На панел-дискусијата, покрај гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска учествуваа и  министерот за финансии, Фатмир Бесими, директорот на Одделот за Европа во ММФ, Алфред Камер, регионалната директорка на СБ за Западен Балкан, Линда ван Гелдер, министрите за финансии на Косово и на Албанија, Хекуран Мурати и Анила Денај и претседателот на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на РСМ, Тимчо Муцунски.

 

„Економско заздравување и раст по Ковид” Анита Ангеловска-Бежоска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.