НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рама ги предупреди студентите доколку не се вакцинираат, нема да влезат на факултетите

0
By НОВА ТВ Balaban on September 8, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Истото важи и за наставниците и за администрацијата. Таму каде што има јавни места, каде што се собираат многу луѓе, вие имате обврска да се вакцинирате за другите, апелираше премиерот Рама.

Албанскиот премиер, Еди Рама, побара од студентите да не потклекнуваат на теориите на заговор и ги предупреди дека доколку не се вакцинираат против ковид-19, нема да може да влезат во универзитетските простории.

Тој оцени дека ако Албанија денес има стабилност и е многу подобра од многу други, тоа доаѓа како резултат на вакцинацијата која започна на 11 јануари, потоа проширувањето на масовната вакцинација многу брзо, што резултира албанските граѓани денес да се многу позаштитени.

– Ако не обезбедивме дози за масовна вакцинација на почетокот на сезоната, денес ќе броевме десетици починати дневно. Тоа е факт. Сега не можеме да влеземе во опасни ситуации, поради оние кои велат: „не, да, Бил Гејтс, не, да, Џорџ Сорос”. Порачувам дека оние што се вакцинирани ќе влезат во универзитетите, бидејќи не постои можност оние кои се свесни и се заштитиле, да бидат загрозени од оние кои живеат со теории на заговор, или кои живеат со стравови кои се целосно ненаучни, неосновани, неоправдани, изјави Рама, кој заедно со министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу беа во посета на Здравствениот дом бр.1 во Тирана.

Рама додаде дека се подразбира оти никој никого со сила не може да го натера да се вакцинира, но во средини каде што се должни да бидат вакцинирани тоа треба да го направат.

– Истото важи и за наставниците и за администрацијата. Таму каде што има јавни места, каде што се собираат многу луѓе, вие имате обврска да се вакцинирате за другите, апелираше премиерот Рама.

Министерката Манастирлиу изјави дека во текот на отворениот месец на вакцинација има зголемен интерес кај младите луѓе, нагласувајќи дека екипи ќе вршат имунизација во универзитетите и студентските домови.

Таа посочи дека пристигнувањето на значителни дози наи вакцини, според договорите, ќе продолжи и оти до месец декември очекуваат да пристигнат над три милиони дози. Со националната стратегија, до средината на идната година треба да бидат имунизирани над 2,2 милиони граѓани.

да влезат Еди Рама масовна вакцинација студентите факултетите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.