Црвениот крст на Република Северна Македонија сочувствува со семејствата на загинатите и повредените граѓани во трагичниот пожар во Ковид Центарот во Тетово кој се случи во вечерните часови на 08 Септември 2021 година.
-Во овие тешки моменти на загуба на најблиските, во знак на солидарност и хуман гест, на семејствата на загинатите граѓани Црвениот крст на Република Северна Македонија ќе им додели еднократна парична помош во висина од 30.000,00 ден по семејство, соопштија од Црвен крст.