НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потпишан договорот за поврзување со Грција преку интерконектор за природен гас

0
By НОВА ТВ on September 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На маргините на Енергетскиот форум за Југоисточна Европа што денеска се одржува во Солун, извршниот директор на Националните енергетски ресурси (НЕР) Бајрам Реџепи и главната извршна директорка на грчкиот национален оператор за пренос на гас ДЕСФА Мариа Рита Гали потпишаа договор за соработка за развој и изградба на интерконекторот за природен гас меѓу Северна Македонија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката компанија соопштуваат дека договорот ги воспоставува принципите на соработка, според кои ДЕСФА и НЕР имаат намера да ги координираат: главните фази, нивните обврски и придружните точки на развојот на интерконекторот, но го вклучува и почетокот на обврзувачкиот Market Test, „согласно условите што ќе бидат одобрени од Регулаторната комисија за енергетика и по позитивната Конечна одлука за инвестиции од двете страни, што се очекува во првата половина на 2022 година, што ќе го олесни навременото и ефикасно завршување на изградба на проектот, согласно договорениот временски период“.

По потпишувањето на договорот, првите луѓе на двете компании Бајрам Реџепи и Мариа Рита Гали ја истакнаа важноста на интерконекторот.

Извршниот директор на НЕР АД Скопје рече дека потпишувањето на договорот меѓу двете компании е меѓу последните и многу важни чекори кон крајната цел.

-Изградбата на овој коридор, не само што ќе диверзифицира, туку ќе создаде и стабилен извор за снабдување со природен гас, а неговите придобивки ќе бидат достапни не само за Северна Македонија, туку и за нашите северни соседи. Нашата соработка со ДЕСФА, нема да заврши со финализирањето на гасната интерконекција и секако ова партнерство ќе се продлабочи и ќе се прошири и на други области, со цел да понуди поволни услови на пазарот на енергија, рече Реџепи.

Главната извршна директорка на грчкиот национален оператор за пренос на гас истакна дека потпишувањето на договорот за соработка помеѓу ДЕСФА и НЕР „дава значителен поттик за развој на взаемно корисен проект за Грција и Северна Македонија“.

Договорот беше потпишан на маргините на форумот „Southeast Europe Energy Forum 2021“ во Солун, во организација на Американско- грчката трговска комора и Грчката асоцијација за енергетска економија, а на потпишувањето присуствуваа и министерот за животна средина и енергија на Грција, Костас Скрекас и амбасадорите на САД во Северна Македонија и Грција Џефри Пајат и Кејт Брнз.

Скрекас истакна дека со интерконекторот дополнително се надградува геополитичката улога на Грција.

-На нашиот северен сосед му даваме можност да може да го намали влијанието врз животната средина, со постепена замена со природен гас на позагадувачките извори на производството на електрична енергија и да придонесе и во општата европска цел за климатски неутрална европска економија до 2050 година. Проектот е важен, бидејќи ќе биде алатка за развој на економиите на двете земји, со отворање илјадници работни места за време на изградбата на гасоводот, истакна министерот за животна средина и енергија на Грција.

Американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пајат го поздрави договорот „како уште еден важен пример од позитивната економска агенда што се развива меѓу Грција и Северна Македонија, заснована на визијата на Договорот од Преспа и дополнително обезбедува сигурно снабдување со енергија за Југоисточна Европа“.

Денешниот договор меѓу НЕР и ДЕСФА доаѓа по потпишаниот договор на политичко ниво на 9 јули во Атина меѓу министерот за животна средина и енергија на Грција, Костас Скрекас и министерот за економија на Северна Македонија, Крешник Бектеши.

Гасоводот предвидено е да биде во должина од 123 километри и да се протега од Неа Месимвриа кон Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас.

Почетниот капацитет ќе биде 1,5 милијарди кубни метри годишно, со можност за проширување до 3 милијарди кубни метри годишно, а се спроведени и студии со цел гасоводот да има соодветни спецификации за транспорт на зелен водород.

Проектот се проценува дека ќе чини околу 110 милиони евра.

Грција Интерконектор Крешник Бектеши
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.