Опозициската партија ВМРО – ДПМНЕ по оставката на министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека тоа не е доволна. Опозицијата бара оставка и од премиерот Зоран Заев, за како што велат, да се гарантира независна истрага за случајот со изгорената модуларна болница во Тетово.
– Само со на Заев ќе гарантира независна и објективна истрага. 15 животи згаснаа во институција за чија безбедност е должна и одговорна државата. Заев да не се крие позади оставката на Филипче, се вели во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ.