НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Две децении од 11 септември – Темелот на САД не е допрен

0
By НОВА ТВ on September 11, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американците денеска ја одбележуваат 20-годишнината од нападите на 11 септември во година во која војниците хаотично заминаа од Авганистан, и временски период во кој  се променија многу работи во светот откако почна глобалната војна против тероризмот.

Целата приказна за тоа како се случија нападите останува тајна. Минатата недела Бајден нареди објавување на доверливи документи од истрагата на ФБИ во текот на следните шест месеци.

На Менхетен има нови зданија. Пред неполни две недели, последните американски војници заминаа од аеродромот во Кабул, со што заврши таканаречената „Forever War“, но остана националната расправија за тоа, која за претседателот Џо Бајден е политичка опасност.

По нападите, САД официјално почнаа војна против тероризмот и притисок врз Авганистан за соборување на талибанците, кои отфрлија барање да го протераат лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен. Потоа следеа 19 години, 10 месеци, три недели и два дена војна во Авганистан, при што Министерството за одбрана на САД соопшти за најмалку 2.325 загинати припадници на американската војска.

Бин Ладен ја презеде одговорноста за нападот на 11 септември 2004 година, наведувајќи ја поддршката за Израел и американското воено присуство во Ирак и Саудиска Арабија како мотив. Седум години подоцна, на 2 мај 2011 година – Бин Ладен беше убиен во Пакистан во акција извршена од американските сили. Во јуни 2011 година претсеателот Барак Обама објави почеток на повлекување на американските сили од Авганистан.

Поради зајакнување безбедност, со Законот за внатрешна безбедност од 2002 година е формирано Министерство  за внатрешна безбедност  – тие се одговорни за спречување терористички напади, гранична безбедност, имигранти и царини и помош и спречување катастрофи.

Формирана беше и Управата за безбедност при транспорт, целосно нова федерална агенција овластена од Конгресот во ноември 2001 година.

Њујорк беше местото каде што повеќето од околу 3.000 жртви, вклучувајќи луѓе од целиот свет, беа убиени во првичните експлозии на два авиона, каде кулите од СТЦ со 110 спратови се урнаа за помалку од два часа.

Во Пентагон, се урна патнички авион врз западната страна на воениот центар на САД.

И во Шенксвил, Пенсилванија, третиот бран киднапери со авион удри во поле откако патниците возвратија, испраќајќи го Јунајтед 93 долу, пред да ја погоди својата цел – најверојатно зградата на американскиот Капитол во Вашингтон или Белата куќа.

Вкупно 2.977 луѓе загинаа во нападите на 11 септември, вклучувајќи ги и 19-те киднапери терористи во четирите авиони. Граѓани на 78 земји загинаа во Њујорк, Вашингтон и Пенсилванија.

Во Светскиот трговски центар, 2.763 загинаа откако двата авиони удрија во кулите близначки. Таа бројка вклучува 343 пожарникари и медицински лица, 23 полицајци во Њујорк и 37 полицајци  кои се бореа да ја завршат евакуацијата на зградите и да ги спасат канцелариските работници заробени на повисоките катови. Во Пентагон, загинаа 189 луѓе, од кои 64 на летот 77 на Американ Ерлајнс, авионот што ја погоди зградата. На летот 93, 44 лица загинаа кога авионот падна во Пенсилванија. До 2018 година, на 10.000 луѓе им беше дијагностициран рак поврзан со 9/11. Од 2001 до 2004 година, над 7 милијарди долари како компензација беа дадени на семејствата на жртвите од 11 септември и на 2.680 лица повредени во нападите.

Тогашниот претседател Џорџ Буш вечерта по нападите изјави:

„Терористичките напади можат да ги разнишаат темелите на нашите најголеми згради, но тие не можат да го допрат темелот на САД. Овие дејствија разбиваат челик, но тие не можат да го нарушат челикот на американската решителност “.

Во врска со евентуалниот воен одговор на САД, тој нагласи: „Нема да правиме разлика помеѓу терористите што ги извршија овие дејствија и оние што ги засолнуваат“.

Операцијата Трајна слобода, меѓународни напори предводени од САД за соборување на талибанскиот режим во Авганистан и уништување на терористичката мрежа на Осама бин Ладен, со седиште таму, почна на 7 октомври. Во рок од два месеца, американските сили ефикасно ги отстранија талибанците од оперативната моќ.

Мајкрософт, Амазон, Гугл, Фејсбук и Твитер заработија повеќе од 44 милијарди долари благодарение на договорите со американската влада како дел од „војната против тероризмот“ по терористичките напади на 11 септември 2001 година, открива извештај на невладина организација. Извештајот, објавен од Action Center on Race and the Economy, MPower Change i LittleSis, открива дека неколку американски агенции и министерства работат се повеќе со овие технолошки компании повеќе од 15 години.

Амазон го зголеми бројот на договори во 2019 година за речиси петпати, и Мајкрософт за осумпати во споредба со 2015 година “. Воените договори потпишани од Мајкрософт се зголемија за речиси шест пати од 2016 до 2018 година. Што се однесува до Амазон, „86 проценти од договорите со владата од 2004 година се со агенции кои одиграа централна улога во светската војна против тероризмот“, уверуваат авторите.Од 2004 година, Пентагон потрошиле 43,8 милијарди долари за услугите на американските технолошки гиганти. По нив следуваат Министерството за внатрешна безбедност (348 милиони), Стејт департментот (258 милиони), Дирекцијата за општи услуги (244 милиони) и Министерството за правда (138 милиони), се вели во извештајот.

Како и секоја година, ќе има церемонии на секое од трите места каде 19 киднапери на Ал Каеда урнаа преполни авиони од комерцијални летови. Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден ќе застанат на секое од овие места денеска за „да оддадат почит за жртвите“, соопшти Белата куќа.

Професорот по историја Џереми Сури од Универзитетот во Тексас во Остин вели за Глас на Америка:

„Претседателот ја подвлекува линијата за последните 20 години…И тој се однесува како историчар и вели дека завршивме една ера, исто како и крајот на Втората светска војна, и сега е време да донесеме нови одлуки како што Хари Труман донесе нови одлуки по ерата на Втората светска војна“.

Сури, чии книги ја истражуваат канцеларијата на американското претседателство и надворешната политика на САД, рече дека историчарите гледаат одредена логика во тоа како претседателот го обликува овој момент.

„Но, исто така, ќе видиме, како и секогаш, дека една ера не завршува кога започнува нова ера….Многу прашања од пред 20 години се уште немаат завршница на поглавјата, како што правиме да изгледаат во нашите книги “.

Заменик-советникот за национална безбедност Елизабет Шервуд-Рандал вели дека е важно да нема уште еден голем терористички напад, имајќи предвид дека светот бележи две децении од 11 септември.

„Дваесет години подоцна, нашиот предизвик е различен“, рече таа пред Атлантскиот совет, истражувачка група за глобални прашања во Вашингтон. „Од 11 септември, научивме како да ги заштитиме Американците од тероризам. Ужасни работи се уште се случуваат. Но, со комбинација на акции во странство и дома досега, успеавме да  одвратиме и спречиме уште еден напад во стилот на 11 септември “.

Талибанците повторно владеат со Авганистан додека во заливот Гвантанамо, обвинетиот организатор на 11 септември, Калид Шеик Мохамед и уште четворица мажи, продолжуваат да чекаат судење, девет години по поднесувањето на обвиненијата.

11 септември САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.